Денвер Нагетс славеше на гостувањето кај Мајами со 100-88 и дојде до првото место во Западната конференција откако долго време им гледаше во грбот на Минесота и Оклахома.
Шампионот славеше на Флорида пред се поради одличната последна четвртина која ја доби со 28-17. До триумфот стигна и покрај потпросечната партија на Јокиќ кој го заврши мечот со 12 поени и 14 скока, но сега одговорноста ја презедоа Портер кој постигна 25 и Гордон со 16 поени.
По 66 одиграни натпревари, шампионот има биланс 46 победи и 20 порази и еден меч повеќе од Оклахома која, теоретски, може да го врати назад ако триумфира, но јасно е дека борбата за првата стартна позиција пред плејофот ќе се води до крајот. По Ол стар викендот, Денвер има 10/1 што е доказ за одлично темпираната форма во финишот од сезоната.
Во тимот на Мајами, кој остана на осмата позиција во Источната конференција, Адебајо оствари дабл дабл со 17 поени и 13 скока, а Батлер додаде 15 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Торонто 113-104
Орландо – Бруклин 114-106
Индијана – Чикаго 129-132
Мајами – Денвер 88-100
Мемфис – Шарлот 98-110
Њу Орлеанс – Кливленд 95-116
Далас – Голден Стејт 109-99
Портланд – Атланта 106-102
Сакраменто – ЛА Лејкерс 120-107