Феноменален натпревар се одигра во Мадрид. Интер победи со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на ЛП, а потоа таа предност ја удвои со голот на Димарко во 33. минута.
Антоан Гризман израмни две минути подоцна, а до самиот крај на регуларниот дел немаше голови. Потоа Мемфис Депај погоди за Атлетико во 87. минута и на тој начин обезбеди продолженија. Во продолженијата мрежите останаа мирни, а победникот беше одлучен на пенали.
По драмата во Мадрид ги дознавме сите учесници во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Тоа успеаја да го направат и Борусија Дортмунд, Барселона, Арсенал, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, Реал и ПСЖ.
Ждрепката е во петок во 12:00 часот, а тогаш ќе ги дознаеме и полуфиналните двојки од елитното натпреварување.