Македонската ракометна репрезентација утрово замина за Браила, каде ќе одигра два пријателски натпревари против Романија во рамките на ЕХФ-неделата. Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров за овие два меча на располагање ќе има 17. ракометари, поради повреди нема да смета на неколку стандардни имиња.
Мечевите со Романија се подготовка за бараж натпреварите со Фарски Острови во мај, кои носат пласман на Светското првнество 2025 година.
Првиот натпревар со Романија е од затворен карактер, додека вториот ќе биде отворен за јавноста.