Освојувачката на Австралија опен и една од најдобрите тенисерките на денешницата, Арина Сабаленка го заврши својот настап на ВТА мастерсот во Индијан Велс откако беше елиминирана во осминфиналето.
Белорусинката загуби од младата и талентирана домашна претставничка Ема Наваро со 2-1 по сетови 6-3, 3-6 и 6-2.