Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа немаше проблеми против Русинката Ксенија Зајцева, славеше со 2-0 во сетови со само четири загубени гејма и се пласира меѓу најдобрите четири на турнирот во Ларнака, Кипар.
Зајцева беше во одлична форма, во осминафиналето ја совлада првата носителка, а претходно освои и турнир, но Ѓорческа не се испоти многу за да победи.
Македонската тенисерка ги доби двата сета со идентични 6-2 и 6-2 и се избори за полуфинале.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против италијанската тенисерка Нуриа Бранкачо. Италијанката е на 240 место на ВТА листата, што е само за едно подобро од актуелната позиција на Лина.