Два големи европски фудбалски класици во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Ждрепката во Нион донесе ќетири супер интересни и неизвесни четврфинални дуели во најлеитното фудбалско натпреварување на стариот континент Лигата на шампионите.
Најголемото дерби ќе биде судирот меѓу најтрофениот клуб во светот Реал Мадрид и актуелниот европски шампион Манчестер Сити.Трета година во низа Реал и Манчестер Сити се среќаваат во нокаут фазата на Лигата на шампионите.Во претходните две пресметки , Сити и Реал беа успешни по еднаш, кралевите пред две сезони ,а бранителот на тронот, лани кога потоа се искачи на врвот.
Ништо помалку интересно нема да биде ниту на пресметките во Лондон и Минхен, бидејќи ривали се старите познаници Арсенал и Баерн Минхен.
Победниците од овие дуели ќе се сретнат во шампионското полуфинале.
Неизвесна битка за место во големата четворка на европскиот фудбал на на четврфиналните мечеви во Париз, Барселона, Мадрид и Дортмунд.
За пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе играат и ПСЖ и Барселона како и Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.
Првите четврфинални средби се закажани за 9 и 10 април, додека реваншите се закажани за 16 и 17 април
Првите полуфинални дуели се на програмата на 30 април и 1 мај, а реваншите седум дена подоцна.
Големото финале во Лондон на Вембли се игра на 1 јуни.
Во Нион денеска се извлечени и четвртфиналните двојки во второто во квалитет фудбалско натпреварување Лиуга Европа.
За место во посакуваното полуфинале ќе играат.:
Милан – Рома
Ливерпул – Аталанта,
Баер Л.- Вест Хем
Бенфика – Олимпик Марсеј
Термини на Четврфиналето се 11 и 18 април, полиуфинале, 2 и 9 мај.
Големото финале во Даблин е закажано за 22 мај.