-Деновиве македонската јавност ја одушевивте со прекрасни фотографии од Пелистер. Можи ли да ни раскажете како течеше вашата фотографска авантура? Го фотографиравте езерото замрзнато. Какви беа условите, каква опрема користевте и како успеавте да доловите магични фотографии?

Петровски: Денот и временските услови беа идеални вакви денови на Големо Езеро се ретки. Бидејќи имав време решив да свртам еден круг околу езерото гледајќи го од повисоко. За да ги направам фотографиите користев Nikon z6 апарат но сепак најмногу помогна тоа што временските услови беја наклонети за фотографирање .

-Кога кај вас се роди љубовта кон фотографијата и кои беа првите мотиви кои ги овековечивте на фотографија?

Петровски: Од секогаш сум сакал фотоапарати јас почнав со дигиталните најпрво со Nikon Coolpix па потоа кога почнав да планинарам во 2011 имав Nikon d3100 па потоа Nikon d5100. Пошто како нов планинар ми беше интересно времето поминато на планина би рекол дека мотивите за фотографирање беа спомените од природата, местата и луѓето .


-Кои се вашите најчести инспирации?
Петровски: Најчеста инспирација ми е природата.

-Дали сте направиле изложба или можеби допрва планирате?

Петровски: Имав изложба во националниот парк Пелистер пред околу 10 години сум учесвувал и на други изложби имам доста фотографии за да направам пак своја изложба ама ке видиме за понатаму .


-Како љубовта кон фотографијата ја вклопувате во секојдневните обврски?

Петровски: За жал во последно време немам време за фотографија.


-Кои се според вас најубавите природни локации во Македонија за фотографирање?

Петровски:Јас сум од Битола секогаш Пелистер ми е една од најубавите локации исто можам да ги набројам Кораб, Шар Планина , Галичица но сепак за добра фотографија треба да се поклопат и временските услови.

-Што би им препорачале на младите таленти кои допрва влегуваат во светот на фотографијата?

Петровски: Младите веќе можам да кажам дека се подобри од нас постарите генерации во фотографија единсвено ако некој сака да се занимава професионално да си набави фотоапарат .