Новиот албум на легендарниот Џони Кеш „Songwriter“ ќе излезе на крајот на јуни.

Албумот ќе се состои од 11 претходно необјавени снимки од 1993 година, сите песни напишани од Џони Кеш.

Копродуценти на албумот се синот на Кеш, Џон Картер и Дејвид Фергусон, а на снимањето учествуваа Марти Стјуарт, Дејв Ро, Пит Абот, а како гости настапија Ден Оербах (The Black Keys) и Винс Гил.

Кеш почина во 2003 година, а „Songwriter“ ќе биде четвртиот албум што ќе биде објавен постхумно. Последниот е објавен во 2014 година и содржел необјавени снимки од 1980-тите, пренесува 021.rs.

На почетокот на неделата излезе синглот „Well Alright“ кој го најавува новиот албум.