Популарната пејачка Били Ајлиш се отвори за својата сексуалност и уште еднаш докажа дека не се плаши да биде целосно искрена.

Откако објави клип од нејзината претстојна песна „Lunch at Coachella“, полн со сексуално експлицитни текстови, пејачката реши да открие што ја инспирирало за песната. Имено, таа во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“ зборуваше за нејзината сексуална ориентација.

„Во суштина зборувам за секс секогаш кога можам. Тоа е буквално мојата омилена тема. Моето искуство како жена е дека тоа се гледа на толку чуден начин. На луѓето им е толку непријатно да зборуваат за тоа, и тие се изненадени кога жените зборуваат за сексуалноста. “ изјавила таа.

„Некои од нив ги напишав пред да имам искуство со девојка, а останатите ги напишав после… Цел живот сум вљубена во девојки, но тоа не го сфатив до минатата година кога сфатив дека го сакам моето лице во вагина“, додала пејачката.

Инаку, песната ќе биде еден од најавените синглови за нејзиниот нов албум „Hit Me Hard and Soft“.

За потсетување, Били Ајлиш оваа година доби Оскар за песната „What Was I Made For?“ од филмот „Барби“.