Џејмс Харден по секоја цена настојува да замине од тимот на Филаделфија 76’ерс и веќе е сигурно дека супер-ѕвездата повеќе нема да настапува за тимот од Источната конференција.
Реномираниот новинар Шамс Чаранија пишува дека Харден на сите можни начини бара да биде „трејдуван“ и да замине во екипата на Лос Анџелес Клиперс, каде играат неговите добри пријатели, Каваи Ленард и Пол Џорџ.
Чаранија додава дека Харден целосно ги нарушил односите со управата на Сиксерс и затоа сака да замине од клубот, иако навивачите го повикуваат да остане во Филаделфија. Слична порака испрати и неговиот соиграч, Џоел Ембид, кој рече дека „Харден мора да созрее и да сфати дека со него во тимот, Филаделфија е многу силна“.
Американските медиуми веќе многу пати пишуваа дека етапата на Харден во Филаделфија е завршена и само е прашање на време кога тој ќе се пресели во друг клуб, но не е познато кога тоа би можело да се случи. Очигледно е дека управата на 76’ерс се обидува да го задржи кај себе, но доколку играчот нема таква желба, тогаш мисијата ќе биде пеколно тешка. Неодамна кошаркарот одлучи да го продолжи договорот за уште една сезона во која ќе заработи 35,6 милиони долари, но изгледа дека ќе замине порано од предвиденото.
Минатата сезона Џејмс Харден бележеше просек од 21,9 поени, 6,1 скокови и 10,2 асистенции по натпревар. Тој е десеткратен учесник на „Ол-Стар“ натпреварот, а во кариерата настапуваше уште за Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс и Бруклин Нетс. Харден е еден од најдобрите играчи во НБА -лигата, кој сè уште нема освоено шампионски прстен.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]