[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Холандскиот возач на „Ред Бул“, Макс Ферстапен победи на последната трка од сезоната во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Ферстапен ја оствари својата рекордна 19 победа сезонава и 54 во кариерата во Абу Даби, со што стана првиот возач во историјата кој водел 1.000 кругови во трките.
Холанѓанецот постигна време од 1:27:02.624. Второто место го зазеде Шарл Леклер од „Ферари“, кој заостана речиси 18 секунди зад победникот.
Третата позиција му припадна на британскиот возач на „Мерцедес“ Џорџ Расел, откако Мексиканецот Серхио Перез од „Ред Бул“ ја заврши трката на четвртото место поради казна од пет секунди.
Ферстапен уште порано ја обезбеди третата последователна титула во Ф1 шампионатот. Сезоната ја заврши на првото место со 575 бодови, додека Перез беше втор со 285. Третата позиција му припадна на Хамилтон со 234.
Првото место во генералниот пласман кај конструкторите го одбрани „Ред Бул“ со 860 бодови, додека „Мерцедес“ е втор со 409, а Ферари е трет со 406.
Следната сезона во Ф1 започнува на 2 март 2024 година со трката за Големата награда на Бахреин.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]
Ферстапен со победа ја заокружи сезоната во Ф1
Date: