Иако со години се пишуваат критики за нејзиниот изглед и килограми, неверојатната трансформација и слабеење на сопругата на холивудскиот актер Пирс Броснан – Кели Шај Смит, практично помина незабележано. Актерот често знаеше да ги премолчи навредливите коментари, велејќи дека ја сака секоја облина на својата сопруга…
Сопругата на поранешниот Џејмс Бонд со години е под лупата на јавноста, позната по својата убавина, манекенството, кариерата како новинарка и режисерка, филантропијата и по тоа што е многу приземна.
Кели, сепак, во последните години често е предмет на дискусија поради нејзината тежина, па сега едноставно е неверојатно медиумите да не обрнуваат толку внимание на нејзиното видливо, драстично слабеење забележливо на фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.
Според некои извори од ова лето, како на пример „Freshers Live“, станува збор за губење на околу 45 килограми.
Шеј и Броснан се венчаа во Мексико на 8 април 1994 година.
Актерот Пирс Броснан и неговата поубава половина Кели Шај се во хармоничен брак веќе 22 години.
Иако се обидуваат да го држат приватниот живот подалеку од остатокот од светот, сопругата на поранешниот Џејмс Бонд со години е под лупа на јавноста.
Кели често е мета на критики од корисниците на социјалните мрежи и од обожавателите на Броснан поради нејзиниот изглед, поконкретно, вишокот килограми што ги добила во текот на бременоста.
„Најди позгоднажена“, „Зошто не ослабе веќе“, се само дел од коментарите кои поранешната манекенка ги добива за нејзиниот изглед.
Во една прилика Пирс му дојде преку глава, па со остри зборови го сосекол секој коментар.
„Мислам дека се злобни нападите на Кели поради нејзината тежина. Не сакам модел покрај мене, сакам вистинска жена”, рекол тогаш тој.
А тогаш Кили ја донела одлуката… Иако има ограничени информации во врска со деталите за нејзиното слабеење, неодамнешните фотографии објавени од самата поранешна манекенка на Инстаграм зборуваат многу – нема сомнеж дека Кели многу ослабела.