Откога Снуп Дог минатата недела рече дека ќе се откаже од цигарите, фановите беа поделени и вџашени бидејќи мислеа дека раперот можеби решил да не користи марихуана.

Меѓутоа, во право беа оние што се сомневаа дека се работи за маркетинг бидејќи неколку дена подоцна Снуп Дог на својот профил на „Тик-ток“ објави оглас за модел на таканаречен камин без дим.

„Знам што мислите. Поентата е чадот. Но, завршив со тоа“, рече тој во видеото кога стана јасно дека мислел да го тргне чадот, а не цигарите.

@snoopdogg

I’m done with smoke. I’m going smokeless with @Solo Stove. #ad

♬ original sound – Snoop Dogg

„Завршив со кашлицата и мирисот на облеката. Нема чад“, додаде Снуп.