Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не станува збор за услов, бидејќи, тие секако ќе излезат на изборите, туку затоа што тоа е одговорно и државнички од економски аспект. Според неговиот став, што го изнесе во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, пологично е да успеат претседателските избори доколку вториот круг е заедно со парламентарните. Во спротивно вели постои голема можност да имаме неуспешни претседателски избори од многу фактори
Прашан зошто не го блокирале донесувањето на измените на Кривичниот законик, како што најавуваат дека тоа сега ќе го направат со Предлог-законот за амнестија, Мицкоски со одговор: „Затоа што кога една работа ќе се случи велите дека е исклучок, еве го злоупотребиле европското знаме за Кривичниот законик и велиме дека е исклучок, но кога се повторува тогаш станува пракса. Кога некоја работа станува пракса тогаш би било залудно да ја поддржувате таа пракса од внатре“
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на евентуална лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски ќе бара парламентарните и вториот круг од претседателските избори да се одржат заедно. Во спротивно, како што изјави тој во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во Девникот на ТВ Сител има големи шанси претседателските избори да не успеат од повеќе фактори.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за новиот број на неделникот „Фокус“, кој излегува вечерва, го повикува лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која, како што посочува би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес.
Во однос на ставот претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно, Мицкоски вели дека не станува збор за услов, бидејќи, ВМРО-ДПМНЕ секако ќе излезе на изборите, туку затоа што тоа е одговорно и државнички од економски аспект.
„Апсолутно ќе инсистирам затоа што тоа е одговорно и државнички… Има ли Македонија доволно пари да влезе во еден бесконечен циклус на избор на претседател којшто континуирано ќе биде неуспешен. Нема проблем за ВМРО-ДПМНЕ, секако ќе учествуваме и ќе победиме. Јас тоа го кaжав, првиот круг претседателски избори 100 до 150 000 ќе биде разликата меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на СДСМ, еве држете ме за збор. Не ни е нам тоа важно од партиска гледна точка, важно ние е од државничка. Не сакам да трошиме пари попусто. И пологично е да успеат претседателските избори доколку вториот круг е заедно со парламентарните, ќе има поголема мобилизација итн. Во спротивно постои голема можност да имаме неуспешни претседателски избори од многу фактори. Не затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе, немаме ние причина зошто да не излеземе, бидејќи победуваме. Може други партии и етнички заедници да не излезат затоа што немаат интерес да излезат… Имаме ли ние како држава и како општество две години на располагање да зборуваме само за избори. Јас не мислам дека имаме и не мислам дека можеме тоа да си го дозволиме“,вели Мицкоски, ставајќи го во овој контекст и тоа дека во 2025 година не очекуваат и локални избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како несериозно го оценува тоа што на шест месеци од изборните процеси кои треба да се случат следната година, нема никаква комуникација меѓу власта и опозицијата за овие прашања.
„Ние се наоѓаме на помалку од шест месеци од изборен процес. Ова не се случило никогаш како сега да нема комуникација на тема што правиме, бидејќи имаме два значајни изборни процеси коишто за неколку месеци од денеска ќе ни се случат. Нема ниту лидерска средба да разговараме за датуми, нема разговори што значи адаптирање на Изборниот законик. Тоа не се случило досега, а јасни се препораките на ОДИХР, дека шест месеци пред избори не треба да се менува Изборниот законик. Абер нема кај нас за тоа“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека не е испратена ниту покана до набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР.
„Тие имаат два типа на мисија едната се подолг друга со пократок престој. Со подолг веќе требаше да се во Македонија. Затоа што не е битно дали ќе имаме споени, раздвоени (избори) тотално е неважно во случајов. Важно е дека ние во втората половина на март, првата половина на април ќе имаме прв круг претседателски избори и тоа е уставна категорија и тука нема желбите на Ковачевски, па уште некој месец да биде премиер, тоа мора да се случи. Тоа е за помалку од шест месеци од денес, никаква лидерска средба, никакви разговори“,вели лидерот на најголемата опозициска партија.
На темата со Предлог-законот за амнестија, Мицкоски го повтори ставот дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат неговото донесување со сите средства што ги дозволува Деловникот на Собранието, а доколку биде поднесен со европско знаменце ќе ја напуштат работата Парламентот.
На забелешката на новинарката дека според она што досега е случај, законот ќе се носи по скратена постапка без европско знаменце, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа никогаш не може да се знае.
„Кога станува збор за овие луѓе често пати се случувало и порано да нема европско знаме, па да го повлечат законот и да го стават со европско знаме. Да почекаме, да бидеме трпеливи, да не бидеме песимисти, да бидеме оптимисти дека можат и тоа да го направат“, изјави Мицкоски.
Прашан зошто не го блокирале донесувањето на измените на Кривичниот законик, како што најавуваат дека тоа сега ќе го направат со Предлог-законот за амнестија, Мицкоски со одговор:
„Затоа што кога една работа ќе се случи велите дека е исклучок, еве го злоупотребиле европското знаме за Кривичниот законик и велиме дека е исклучок, но кога се повторува тогаш станува пракса. Кога некоја работа станува пракса тогаш би било залудно да ја поддржувате таа пракса од внатре“.
Во врска со кавгата со неговиот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ вели дека стои позади она што го кажал досега.
„Тоа што го кажав за германскиот медиум и она што го зборуваме во јавноста стојам целосно позади тоа и тоа го зборувавме многу јасно и гласно за да може на секој еден да му стане јасно што се случувало и тука немам што повеќе да додадам, не сакам да правам естрада од политичката сцена. Кажавме кои се нашите аргументи, ги слушнавме другите аргументи и тоа е тоа“,рече Мицкоски.
На прашањето дали освен уесбето, кое според него и раководството на ВМРО-ДПМНЕ било дел од тајната комуникација на Груевски со Али Ахмети и Талат Џафери, имаат и други аргументи Мицкоски рече дека не е „човек кој гази по трула штица“.
„Многумина дури и ми замеруваат зошто честопати сум и превнимателен во јавноста и со политичките потези што ги правам. Верувајте и ова е таков случај, а сето она коешто го има и коешто е дел од ова за кое вие зборувате реков и во оној мој одговор на социјалните медиуми дека лично на лицето ќе му го кажам тоа доколку постои таква средба која што некогаш би се случила“, рече Мицкоски.