Марк Нофлер продава над 120 гитари, дел од парите ќе бидат за хуманитарни цели

Date:

Марк Нофлер, поранешниот фронтмен на британската рок група Dire Straits, објави дека следната година на аукција ќе продаде повеќе од 120 гитари и засилувачи од неговата петдецениска кариера.

Британската аукциска куќа Кристи објави дека на 31 јануари ќе ја понуди на аукција гитарата користена за време на снимањето на хитот Money For Nothing, а која Нофлер ја свиреше на легендарниот концерт Live Aid, одржан во 1985 година во Лондон, објави Гардијан .

Колекцијата на гитари на Марк Нофлер вклучува и бројни инструменти кои музичарот ги користел додека компонирал, снимал или изведувал песни од Dire Straits, се вели во најавата на Кристи. Меѓу нив се инструментите од Гибсон, Фендер и Мартин, заедно со моделите по нарачка од познатите производители на гитари Руди Пенса и Џон Сур.

„Време е да извадам некои од моите скапоцени придружници со шест жици од нивните футроли и да им дадам нови авантури со нови сопственици“, рече Нофлер во соопштението на аукциската куќа. „Без сомнение, ќе бидам тажен кога ќе ги видам како заминуваат, но поминавме прекрасни времиња заедно и не можам да свирам на сите одеднаш“, додаде тој.

Денес, 74-годишниот рокер ќе донира четвртина од приходите од продажбата на различни добротворни организации, вклучително и британскиот Црвен крст, добротворната организација за диви животни Туск и детската непрофитна организација Brave Hearts of the North East.

Највредниот инструмент, проценет на 500.000 фунти, е оригиналниот Les Paul Standard од 1959 година, кој Нофлер го купил од Боби Тенч од групата Џеф Бек. Реизданието на Gibson Les Paul од 1983 година, кое беше искористено за снимање на песната Money For Nothing, се очекува да достигне цена од 15.000 фунти.

Fender Mark Knopfler Signature Stratocaster од 2002 година може да достигне цена до 6.000 фунти, а Pensa-Suhr MK-1, изградена и специјално приспособена од Џон Сур, се проценува на 6.000 до 8.000 фунти.

По малку попристапни цени, ќе може да се купи мандолина која претходно ја поседувал легендата на блузот Јенк Рејчел, која би требало да биде во понуда од 300 до 500 фунти. Од 9 до 13 декември, аукциската куќа Кристи ќе одржи изложба на гитарите и засилувачите во Њујорк, по што ќе следи преглед пред продажбата во седиштето на куќата во Лондон.

Во неодамнешното интервју за Би-Би-Си, по повод снимањето на неговиот десетти соло албум, Нофлер откри дека дел од приходите од аукцијата може да ги искористи за купување нови гитари, објаснувајќи дека и тој „не е имун на новите искушенија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...