Лени Кравиц по долга пауза се врати на музичката сцена со нова песна и спот, со кој остави малку на имагинацијата на публиката.
Имено, во краток тизер на својот Инстаграм, пејачот и гитарист покажа дел од спотот за песната „TK421“ во кој го покажува пенисот.
Во краткото видео, во фанки стил, Кравиц се појавува гол во неколку пози, а во едната е целосно гол и едвај го покрива меѓуножјето со рацете.
Во сцената која особено привлече внимание, пејачот позира целосно гол, притоа покажувајќи ги издлабените мускули и топ формата, а гениталиите ги покрива со четири прста.