Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, асот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, го смени бројот на дресот.
На првиот претсезонски натпревар против Бруклин Нетс, Леброн се појави во дресот со број 23, кој го носеше во 14 од 20. сезони во неговата НБА кариера.
Леброн во претходните сезони го носеше бројот 6, но од почит кон неодамна починатата легенда на НБА, Бил Расел, кој се прослави во дресот со број 6, реши повеќе да не го носи.
Тој го носеше бројот шест и во Мајами Хит, кога освои две шампионски титули, а го носеше бројот 23 во Кливленд кога исто така стигна до титулата.