Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун изјави дека неговата земја поседува голема моќ и оти ќе ја употреби цела сила во случај да биде нападната.

– Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата.

Ќе ја искористиме цела наша воена моќ, и таа е голема, за да го збришеме непријателот од Земјата, истакна Ким при посетата на Министерство за одбрана по повод годишнината на севернокорејската армија.

Тој не ги именува непријателите на Пјонгјанг, но Јужна Кореја ја означи како непријател број еден. Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја, посочи Ким.