Бритни Спирс откри дека се бакнувала со Бен Афлек: „Ова е толку невкусно, Џеј Ло ќе ја убие“

Date:

Пејачката Бритни Спирс (42) објави фотографија на Инстаграм под која тврди дека еднаш го бакнала актерот Бен Афлек (51).

Во објавата, таа сподели фотографија на која е прегрната со Афлек и пејачката Дајан Ворен. Објавата сега е избришана, но „Ти-ем-зи“ успеа да сочува скриншот, којшто можете да го видите тука.

„Убава слика од мене и Бен Афлек и Дајан Ворен пред неколку години! Тој е толку неверојатен актер. Заборавив да напоменам дека го бакнав Бен таа вечер… Искрено заборавив… Тоа е лудо! Само да можев да ви ја раскажам приказната што се случи пред тоа! О, Боже, јас сум озборувачка!“, напишала Спирс во описот, додавајќи неколку емотикони кои се смеат.

Оваа вест ги изненади нејзините обожаватели бидејќи фотографијата е направена во летото 1999 година, период кога и Спирс и Афлек беа во романтични врски со други луѓе. Пејачката тогаш ја почнуваше врската со поп ѕвездата Џастин Тимберлејк, а актерот беше во врска со холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу.

Исто така, многумина сметаат дека оваа објава ќе ја вознемири сегашната сопруга на Афлек – Џенифер Лопез.

„Сметам дека ова е знак на непочит кон Џенифер Лопез“, „Бен на времето беше нескротлив, а Бритни е чудна“, „Сѐ што знам е дека Џеј Ло е згодна, а Бен се дружел со секоја слатка актерка и поп ѕвезда, судејќи по ова. Се надевам дека Бенифер 2.0 е добро“, „Џеј Ло ќе ја убие оваа објава“, гласат дел од коментарите на социјалните медиуми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...