Бранителот на трофејот со минимална победа против Силекс

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Македонија Ѓорче Петров со 1-0 го победи Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија, Воска направи историски успех откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Брегалница, Тиквеш и Брера преку пенали го решаваа патникот во полуфиналето, кавадаречкиот тим беше поуспешен.
Бранителот на трофејот во ова натпреварување, екипата на Македонија Ѓорче Петров со 1-0 го совлада Силекс, стрелец на единствениот гол беше Алтин Алији во 66. минута од натпреварот. Една одбиена топка дојде до него, а тој знаеше како да ја смести зад грбот на противничкиот голман.
Воска направи историски успех, првпат ќе игра во полуфинале во Купот на Македонија. До него стигнаа откако со 1-0 славеа на гостувањето кај Брегалница во Штип. Единствениот погодок на мечот се случи во 69. минута кога Јашаровски постигна прекрасен гол за глава кој значеше триумф на тимот од Охрид. Претходно штипскиот тим остана со фудбалер помалку откако голманот Кире Новаков заработи директен црвен картон.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи е одложен за утре откако обилниот дожд во Скопје го направи теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари невозможен за игра. Мечот ќе се одигра утре на теренот на ФФМ со почеток од 13 часот.
Фудбалерите на Тиквеш по подобро изведување на пенали ја совладаа Брера, натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1. Мечот беше отворен во судиското продолжение од првиот дел кога Велинковски биеше силно, топката на патот кон го смени правецот и заврши во мрежата на голманот на Тиквеш.
Во второто полувреме кавадаречкиот тим успеа брзо да се врати во игра. Израмни со гол на Куреж на 1-1. До крајот немаше уште еден погодок, па пеналите мораше да го решаваат победникот.
Во пенал серијата голманот на Тиквеш, Ренер беше херојот, тој го одбрани ударот на Ѓорѓиевски во осмата серија.
Четвртфинале Куп на Македонија:
Македонија ЃП – Силекс 1-0
Брегалница – Воска 0-1
Тиквеш – Брера 1-1 (6-5 пен.)
Денес
Работнички – Шкупи
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...