АКСЦЕЛЕРАТОР ВРЕДЕН 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА НЕ СЕ КОРИСТИ СО ГОДИНИ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

Date:

Покрај голем број неправилности околу финансиското работење на Клиничката болница во Битола, Државниот завод за ревизија нотира уште еден сериозен проблем. Во последниот извештај на ревизорите се наведува дека во просториите на болницата во посебен објект, бункер е сместен линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција.

Акцелераторот е наменет за третман на онколошки заболувања, за чија набавка и инсталација од страна на Министерството за здравство во периодот од 2012 до 2017 година се доделени договори за јавна набавка во износ од 172 милиони денари, констатирал Државниот завод за ревизија (ДЗР).

-Со направениот увид на ЕСЈН врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известувања за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки во врска со овој аксцелератор. Имено, во текот на 2012 година, склучен е договор за набавка на линеарен аксцелератор во вредност од 100.015 илјади денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799 илјади денари или 761 илјади евра. Во текот на 2017 година е склучен договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и верификување на радиотераписки третман во вредност од 24.774 илјади денари или 403 илјади евра, се наведува во последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Ревизорите посочуваат дека одговорните во Клиничката болница Битола дале образложение во однос на аксцелераторот, прво дека е набавен од страна на Министерството за здравство без да биде доставена документација до болницата и второ во однос на неговото неупотребување, дека недостига дополнителна опрема за негово функционирање, а недостига и квалификуван кадар.

Истовремено, ревизорите укажуваат на итна потреба од ставање во функција на овој апарат.

-Имајќи ја предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетските средства, ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за здравство за ставање на апаратот во употреба, наведуваат ревизорите.

Со извршената ревизија констатирани се состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џамбалаја

Состојки:1 парче пилешки гради150 гр. сушени колбаси200 гр. ракчиња2...

Левица поднесе Декларација за признавање на Палестина во македонското Собрание

„Пратеничката група на Левица денес ја поднесе декларацијата за...

Гајдов: Без правна држава нема да мрднеме чекор напред

Фон Бизмарк вели кој го владее Вардар тој е...

Македонија никако да ја исфрли пластиката

Пластични лажички, чаши, вода во пластични шишиња мали шеќерчиња....