Домаќинка во Австралија е уапсена под обвинение дека ги труела гостите кои ги поканила на неделен семеен ручек.

Според обвинението, Ерин Петерсон (49) им подготвила ручек на родителите на поранешниот сопруг, неговата сестра и нејзиниот сопруг во нејзината селска куќа во село во државата Викторија и ги отрула со печурки.

Првите тројца починале, но нејзиниот сопруг Ијан Вилкинс преживеал, соопшти полицијата.

Ерин Петерсон е обвинета за обид за убиство и на нејзиниот поранешен сопруг, кој имал стомачни проблеми после секој ручек во 2021 и 2022 година.

Таа негираше дека сторила нешто од тоа, но полицијата вели дека симптомите на заболените укажувале на труење од дивата печурка Amanita phalloides.

Патерсон изјавила дека за ручек зготвила говедски стек Велингтон со печурки купени од голем синџир супермаркети и сушени печурки од азиска самопослуга и дека го јадела истото јадење и имала стомачни болки и дијареа.