Победник на популарното балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023 е Македонката Славица Ангелова (21) од Струмица.

Таа настапи во суперфиналето со песната „Угаси ме“. Ангелова во последниот дуел за оваа сезона беше подобра од Драган Ѓуриќ од Добој и со тоа ја доби титулата новата „Гранд ѕвезда“.

Младата струмичанка во финалето освои 88.367 гласови.

Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.