За 9 лица од вкупно 11-те осомничени за подведување на малолетно девојче добија 30 дневен притвор, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од останатите двајца осомничени, едниот е на болничко лекување, додека другиот во бегство, а за тоа какви мерки ќе побара обвинителството за нив, дополнително ќе се одлучува.

Во тек е истражна постапка против десет лица, кои се осомничени во случај на сексуална екплоатација на малотеничка и трговија со дете. Тие вчера беа лишени од слобода во акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи, која беше спроведена во Тетово и во Гостивар.

Според извори на Телма, неофицијално се работи за три женски и седум машки лица, а едно осомничено лице е надвор од државата. Постои сомневање за вклученост на повеќе лица во овој случај.