Џорџ Клуни снима преработка на шпионска тв-серија

Date:

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни ќе ја режира американската преработка на француската шпионска серија „Биро“ (Le Bureau des Légendes).

Новата верзија на трилерот во којшто првично глумеше Матје Касовиц, на англиски јазик, засега е насловена „The Department“ (Оддел), а продукцијата почнува оваа година, објави американската интернет-страница „Шоутајм“. Познавачите и филмските критичари ја споредуваат со американската хит-серија „Татковина“ (Homeland), којашто доста успешно ја преслика шпионската висока геополитика на малите екрани.

– Како што ‘Татковина’ ја издигна светската шпионажа на ново ниво, ‘Одделот’ ќе ги одведе гледачите уште подлабоко во светот на сплетките и подметнувањата со комплицирани ликови кои се борат со сопствените демони, појасни Крис Мекарти, критичар.

„Биро“ беше огромен хит на францускиот „Канал плус“ од 2015, кој се продаде во повеќе од 100 земји. Засега последните епизоди, со наградуваниот режисер Жак Одијар во продукцијата, беа објавени 2020 година.

Џорџ Клуни претходно ја режираше минисеријата – адаптација на романот „Финта 22“ во 2019 година. Исто така, режираше и филмови – „Одредот за спомениците“ (The Monuments Men) од 2014. и „Полноќно небо“ (The Midnight Sky) од 2020 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...