Џоан Колинс во костим за капење го прослави Божиќ

Date:

Колинс стекнала слава со улогата на Алексис во телевизиската серија „Династија“. Во 1983 година, таа добила ѕвезда на Холивудската патека на славните.

На 89-годишна возраст британската актерка Џоан Колинс на својот инстаграм – профил сподели фотографија на социјалните мрежи на која позира во едноделен костим за капење со нејзиниот сопруг, кој е 31 година помлад од неа. Колинс се пофалила дека овогодинешните божиќни празници ги поминала во бикини, сончајќи се и пливајќи во базенот во својот дом на Беверли Хилс.

„Имав одличен Божиќ во Беверли Хилс, пливав во базен и имав прекрасен ручек“, напишала Џоан покрај објавата

„Изгледаш одлично и среќно“, „Како да не старееш“, „За неа годините се само бројка“, „Секси засекогаш“, „Убава“, „Секогаш убава“, „Така е“, „Јас отсекогаш ти се восхитував. Екслузивна, убава“, ја пофалиле нејзините следбеници во коментарите.

Џоан и Перси се запознале во 2002 година во театар, а холивудскиот продуцент, кој е 31 година помлад од актерката, е нејзиниот петти сопруг.

Џоан има две деца од вториот брак, Тара и Александар, додека со третиот сопруг Рон ја добила ќерката Катјана Кас. Во август, во интервју за магазинот Saga, таа признала дека се уште мисли за себе како 40-годишна жена и на тој начин ја открила тајната на нејзината убавина, тврдејќи дека годините се неважни бидејќи нејзиниот фокус е на тоа како изгледа и како се чувствува.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...