„Њујорк Тајмс“: Браната Каховка била разнесена во внатрешноста

Date:

Уништувањето на браната Каховка на југоистокот од Украина која е под контрола на руските воени сили била разнесена со експлозија од внатрешноста, пишува „Њујорк Тајмс“. Медиумот пишува дека пронашле докази кои потврдуваат дека Русија е одговорна за експлозијата.

Браната беше уништена на 6 јуни, а експлозијата што ја уништи бетонската бариера била поставена длабоко во конструкцијата.

Од тука заклучокот на „Њујорк тајмс“ е дека тоа би можел да го стори некој што управувал со неа.

Браната била изградена во советско време, а Москва ја имала секоја страница од инженерските планови и знаела каде се наоѓа Ахиловата пета, се вели во текстот.

Инженер во изјава за „Њујорк тајмс“ истакнал дека бетонската конструкција изградена за време на Студената војна била дизајнирана да издржи речиси секаков надворешен напад.

Експертите велат дека е мала веројатноста бетонските темели на браната сами да се скршат. Но, инженерите изјавија дека само целосното испитување на браната ќе го одреди редоследот на настаните што довеле до нејзиното уништување.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Екплодираше рачна бомба на нива во Неготино, еден повреден

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било...

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...