Вечерта во која Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња во НБА, Никола Јокиќ ја продолжи својата рекордна серија. Во убедливата победа на Денвер над Минесота од 146-112, тој постигна 20 поени, 16 асистенции и 12 скока и со тоа го оствари четвртиот последователен трипл-дабл, 10-ти во последните 12 настапи, 29-ти во сезоната и 95-ти во кариерата.
Сето тоа го направи пред последната четвртина, за само 28 минути игра. За толку кратко време на паркетот само Меџик Џонсон и Расел Вестбрук остварија трипл-дабл со најмалку 20 поени, 15 асистенции и 10 скока пред српскиот центар. Впрочем, тој стигна до трипл-дабл по само 18 минути игра, уште во првото полувреме.
Со оваа победа Нагетс се зацврстија на врвот на Западот со скор од 38-17, а Јокиќ со трипл-дабл просек од 24,7 поени, 11,3 скока и 10,2 асистенции е на пат кон својот трет последователен МВП во НБА-лига.
Резултати: Орландо – Њујорк 98-102, Бруклин – Феникс 112-116, Њу Орлеанс – Атланта 116-107, Мемфис – Чикаго 104-89, Денвер – Минесота 146-113, ЛА Лејкерс – Оклахома 130-133.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]