Српскиот кошаркар Никола Јокиќ уште еднаш собори еден од рекордите во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Јокиќ придонесе со нов „трипл-дабл“ учинок (21 во сезоната) во победата на неговиот Денвер против Далас (118:109) од 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
На спротивната страна прв стрелец беше Словенецот Лука Дончиќ со 37 поени, четири скокови и девет асистенции, но не беше доволно да се спречи 29 пораз на Маверикси.
Пред Ол-стар паузата Јокиќ запиша над 500 скокови и асистенции во една сезона, а тоа претходно го остварија уште Расел Вестбрук (трипати, 2016/2017, 2017/2018 и 2018/2019) и Оскар Робертсон (1961/1962).
Денвер по непишано правило победува кога српскиот центар има „трипл-дабл“, а ова беше 25 последователна победа на Нагетс во која Јокиќ оствари „трипл-дабл“.
Двократниот последователен МВП на тој начин влезе во историјата на НБА, надминувајќи ги Меџик Џонсон и Лејкерси од 1984 до 1987 година по овој параметар.
НБА лига, резултати
Шарлот – Сан Антонио 120:110
Индијана – Чикаго 117:113
Атланта – Њујорк 101:122
Бостон – Детроит 127:109
Бруклин – Мајами 116:105
Филаделфија – Кливленд 118:112
Мемфис – Јута 117:111
Оклахома – Хјустон 133:96
Денвер – Далас 118:109
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120:102