[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го стартуваше фјучерс турнирот во Осијек.
Ѓорческа беше подобра од Сабина Дадачиу од Романија, а до победата стигна за еден час и 21 минута и тоа со сигурен триумф од 2:0 во сетови. Во првиот сет Ѓорческа беше убедлива со 6:2, додека во вториот сет и дозволи еден гем повеќе на противничката (6:3).
Следен предизвик за Ѓорческа ќе биде домашната 30-годишна тенисерка Силвија Њириќ која на турнирот доби можност да настапува со вајлд карта.
Во машка конкуренција во Осијек настап имаше Горазд Србљак кој по три часовна битка загуби од третиот носител Себастијан Прехтел со 2-1 во сетови со 3-6, 7-5 и 3-6.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]