Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе заигра на Австралијан опен, но во меѓувреме ги загрижи навивачите затоа што откажа уште еден тренинг.

Ѓоковиќ го откажа првиот тренинг, кој беше закажан за вчера, а денеска повторно не се појави на терените поради левата нога која го мачи уште од турнирот во Аделеида.

Србинот го освои турнирот во Аделеида, но очигледно не сака премногу да ризикува пред почетокот на турнирот во Австралија.

Ноле има девет титули во Мелбурн и ќе се обиде да ја освои десеттата, а прв противник му е Роберто Карбалјес Баена.