Новак Ѓоковиќ дојде до втората победа на овогодишеното издание на Ролан Гарос, победа над Мартон Фучович од 3-0 во сетови.
Најдобриот српски тенисер мораше добро да се испоти во првиот сет каде по голема борба испеа преку тај-брејкот да дојде до водство од 1-0. Тоа беше „рунда“ во која Ноле водеше со 4-1 во гејмови, но Унгарецот не се предаде и се избори за тај-брејк во кој фаворитот беше далеку на повисоко ниво и истиот го реализираше со 7-2.
Потоа беше се полесно за Ѓоковиќ кој во наредниот сет славеше с0 6-0 по што следуваше докрајчување на противникот со 6-3 за третот коло во Париз.
Нареден ривал ќе му биде Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.