Шпанската ватерполо репрезентација го освои Светското првенство откако во финалето неочекувано лесно и убедливо ја совлада Италија со 10:4.
Шпанците до титулата ги предводеше ватерполистот на Нови Београд, Алваро Гранадос, кој постигна 4 гола во италијанската мрежа. Роча Пероне постигна 3 гола, а Бернат Санауха, Алберто Мунарис и Мигел Де Торо по еден.
На другата страна, Италијанците го одиграа еден од најлошите натпревари во последните неколку години, а голови постигнаа само Николас Прешути, Лоренцо Бруни, Едоардо Ди Сома и Франческо Ди Фулвио. Италија фазата по групи ја заврши со перфектен скор од 5 победи, а потоа победи и во четвртфиналето и полуфиналето. Шпанците ѝ го нанесоа првиот пораз на овој собир.
Шпанците единствено не победија против Србија во групната фаза кога натпреварот заврши нерешено, за потоа да загубат на пенали.
Финалистите на Мундијалот, репрезентациите на Шпанија и Италија, автоматски се пласираа на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Доха, Катар.
Во натпреварот за третото место домаќинот САД ја совлада Унгарија со 14:13.
Инаку, натпреварите во групната фаза се играа во март во Загреб и Подгорица, додека завршницата наречена Супер финале почнувајќи од четвртфиналето се играше во САД.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]