Шест милиони евра ќе наплаќа државата од фирмата што не ја изгради болницата во Штип

Date:

Нов тендер за изградба на болницата во Штип ќе се распише штом се направи пресек што од неа е реализирано до сега.

Од Министерството за здравство посочуваат дека бараат да се активираат банкарските гаранции на фирмата „Интракт“, која не ја заврши изградбата иако потпиша договор.

„Поднесени се барања за активирање банкарски гаранции во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.6.2023, а досега се реализирани само 30 отсто“, велат од Министерството за здравство.

Во рок од 42 дена треба да се достави проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка.

На својата последна седница владата донела заклучок со кој се задолжуваат сите институции по интна постапка да направат ревизија на проектот, до каде се изведени градежните работи и веднаш да се отпочне постапка за изнаоѓање на изведувач којшто ќе ја доврши Клиничката болница во Штип. Според министерот меџити оваа нова постопка би требало да трае најмногу до крајот на годинава по што ќе се најде нов изведувач за да се заврши штипската болница која треба да биде модерен здравствен центар за граѓаните од источиот дел на Македонија. Од партиската трибина од ВМРО ДПМНЕ посочија дека причината за неизградбата на штипската болница е заради тоа што државата го изгуби правото да повлекува од парите од европските развојни банки заради застојот во изгрдбата.

Рокот за изградба на штипската болница привично беше до 2018 па потоа со анекси на договорот беше продолжен до 2023 но поради судски процеси и банкроти на фирмите кои работат на неа изградбата оди со доста забавено темпо. Пред две години Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип се повлече, а финансирањето за градба на овој објект продолжи со средства од буџетот на Владата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...