Шакира се дружеше со Том Круз на Големата награда на Формула 1 во Мајами

Date:

Шакира се дружеше со Том Круз во неделата кога и двете ѕвезди присуствуваа на Големата награда на Формула 1, во Мајами.

Холивудскиот актер кој му го честиташе крунисувањето на кралот Чарлс летајќи со стар борбен авион, изгледаше опуштено во неформално издание со бела поло маица. Шакира за оваа прилика носеше зелен топ кој го истакна нејзиното деколте и изгледаше дека одлично се забавува со суперѕвездата на „Mission: Impossible“.

Двојката присуствуваше на возбудливата формула 1 трка, откако Шакира во саботата ја доби наградата за жена на годината на Билборд на Гала забавата по повод Латино жени во музиката.

Колумбиската убавица беше видно емотивна додека зборуваше за нејзините ставови за љубовта и врските, една година по нејзината жестока разделба со шпанскиот фудбалер Жерар Пике.

Примајќи ја наградата, Шакира изјави: „Не е толку важно дали некој е верен или не, она што навистина е важно е да продолжиш да си верна на себе. Во животот на секоја жена доаѓа момент кога таа повеќе не зависи од некој што ќе ја сака или прифаќа таква каква што е. Потрагата по другиот се заменува со потрага по себе кога желбата да се биде совршен се заменува со желбата да се биде автентичен“.

Шакира потоа зборуваше за жените насекаде, велејќи: „Жените се многу посилни отколку што мислиме. Ние сме похрабри отколку што мислиме дека сме. Мислам дека сме и понезависни отколку што не научија да бидеме“.

Пејачката го заврши својот говор велејќи дека нејзината музика и помогнала да помине низ тешките моменти во животот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...