Шакира не губи време: „Фатена“ на јахта со познат спортист, веќе се зборува за нова врска

Date:

Гласините дека има повеќе од пријателство меѓу најуспешниот возач во Формула 1, Луис Хамилтон (38) и пејачката Шакира (46), сега се поткрепени со папарацо фотографии од јахта.

Колумбијката, која минатата година се разведе од Жерар Пике, претходниот викенд го мина на Формула 1 трката во Мајами, каде што и сега престојува. Во таа прилика се сретнала со актерот Том Круз, поради што веднаш почна да се озборува дека има нешто меѓу нив, но се чини дека причината за нејзиниот престој бил друг маж.

Откако беа снимени вечерта во ресторан, сега се појавија и фотографии од јахта во Мексиканскиот залив.

На нив се гледа рекордерот по бројот на освоени титули во Формула 1 како и помага на атрактивната пејачка да се качи на јахтата, откако дошле во задниот дел од нејзината вила во Мајами Бич да ја земат. Потоа седат еден до друг во неврзан разговор додека возат по заливот Бискејн.

Забележливо е дека цело време не ја симнаа насмевката од лицето. Со нив беа и децата на Шакира од бракот со Пике, како и пријателите на Хамилтон.

Хамилтон е познат како голем плејбој, кој смени многу девојки од шоубизот, со посебна слабост кон пејачките. Тој беше во повеќегодишна врска со Никол Шерцингер, се шпекулираше дека се забавувал со Ријана и Рита Ора, а исто така имал љубовна врска со Ники Минаж.

Што се однесува до Шакира, нејзината приказна за разводот со поранешен фудбалер и неговото изневерување ги наполни светските медиуми во текот на минатата година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...