Турски бизнисмен му подарил нов автомобил на Сервер Бесирли, човекот кој натовари сè што има на својот стар автомобил и веднаш од Азербејџан се упати кон турскиот Кахраманмарас да им помогне на настраданите од двата силни земјотреси.

33-годишниот маж, кој живее во градот Џејланбатан, северно од главниот град на Азербејџан, Баку, ги натоварил душеците и јорганите што ги собрал од роднините и селаните на покривот на својот стар автомобил за да им ги однесе на преживеаните од земјотресот во Кахраманмараш, а потоа се вратил во Баку.

Бесирли потоа доброволно се пријаваил да помогне во Адијаман, еден од најпогодените и најотсечените делови по земјотресот и учествувал во хуманитарните акции. Тој за медиумите изнави: „Луѓето овде живеат во шатори. Се обидуваме да им помогнеме колку што можеме. Тука сум веќе три дена и учествувам во сè што можам.“

Сликите од Бесирли станаа вирални на социјалните мрежи, а токму тие инспирирале еден турски бизнисмен да го награди азербејџанскиот херој.

Автомобилот го зел таткото на Бесирли, бидејќи Сервер се уште бил во Адијаман.

Турција досега регистрираше повеќе од 40 илјади загинати лица во земјотресот како и голема материјална штета.