Црквата на Трескавец од 14 век ќе го врати стариот сјај

Date:

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец, од 14 век, која има култно значење меѓу народот, ќе го врати својот некогашен сјај, а во моментот меѓународен тим интензивно работи на проектот за нејзина санација и реставрација. Најголем проблем, како што велат од прилепскиот Завод и музеј е влагата, која претставува голема опасност за фреските во овој храм кој претставува културно наследство во опасност. Токму за заштита на црквата од Министерството за култура беше издвоено 8,2 милиона денари.

„Моментално меѓународен тим работи на изработка на проект за реставрација и санација на црквата. Вклучени се и историчари на уметност и ИЗИИС со инженери, статичари… Тимот е склопен и се работи по препораките на професор од Грција и очекуваме да видиме до каде сме за да можеме да почнеме со активностите. Како директор дадов рок до крајот на годината да се заврши проектот за да можеме в година да стартуваме со реализација. Во меѓувреме, се работи и на проект со кој би ја спречиле влагата во црквата, бидејќи таа прави огромни проблеми на фреските. Црквата таму стои од 14 век, меѓутоа оштетена е токму од влагата. Проектот се однесува на ископ на дренажен канал меѓу конаците и црквата. Тоа е еден вид заштитен канал со кој би ја запреле влагата. Чекаме конкретни наоди од тоа што е испитувано за да можеме да го распишеме тендерот за избор на фирми кои ќе работат на реализацијата на проектот и конечно да ја завршиме работата“, вели Горанчо Цветкоски, в.д. директор на Завод и музеј Прилеп. Тој посочува дека реализацијата на овој проект кој опфаќа хидрогеолошки истражувања е една од главните работи кои треба да се направат за полесно да се пристапи кон реализација и на сите други проекти кои што се однесуваат на црквата.

„Се работи на двата проекти истовремено кои се независни еден од друг и кои мора да се реализираат. Како директор ја зедов обврската тие да се завршат и за тоа имам поддршка и од колегите од Музејот и од Министерството кое е главен финансиер. Се надевам дека сите заедно еднаш за секогаш ќе најдеме начин да го заштитиме манастирот“, додава Цветкоски.

Тој посочува дека во моментов се прави и водоводот за да можат обновените конаци, кои беа уништени во големиот пожар пред 10 години, да се пуштат во употреба.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...