Стефанос Циципас навистина немаше баш добра среќа со ждрепката како еден од главните носители на Вимблдон, бидејќи првите две кола му понудија предизвици кои навистина не се лесни за минување.

Гркот денеска го доигра мечот од првото коло против Доминик Тим и со доста мака успеа да излезе на крај со Австриецот, кој после пет сета борба и два дена игра, потклекна во одлучувачкиот супер-тајбрејк.

Мечот кој почна вчера беше прекинат поради дожд при водство на тим од 1:0 во сетови, но Циципас денеска се избори за пресврт и на крајот во драматични услови стигна до победа.

Конечните 3:6, 7:6, 6:2, 6:7 и 7:6 се најдобра отслика за изедначеноста на мечот кој во минути траеше речиси четири часа, а на крајот како пресуден се покажа супер-тајбрејкот.

Циципас славеше во овој дел со 10:8 и се пласираше во втората рунда, каде го чека ново дерби и дуел со миленикот на домашната публика, Енди Мари.