Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија Опен откако го победи Карен Хачанов со 3:1 во сетови (7:6, 6:4, 6:7, 6:3). Грчкиот тенисер така ја оправда фаворитската улога за време од три часа и 24 минути.
Почетокот на мечот донесе сигурна игра на двата тенисери на свој сервис, а потоа во четвртиот и петтиот гем си разменија по еден брејк. Иста ситуација каде и двата изгубија свој сервис видовме и два гема подоцна. Сетот на крајот во тај брејк го освои Циципас.
Неколку шанси за брејк во вториот сет на искористи Хачанов, за потоа Циципас тоа да го казни и со 6:4 да поведе со 2:0 во сетови. Како и во првиот сет и во третиот видовме тај-брејк, но сега Хачанов беше поуспешен за намалување на 2:1.
Третиот сет донесе многу посигурна игра на Циципас, па така заслужено стигна до 6:3 и победа од 3:1. Во финалето во недела Циципас ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Ѓоковиќ и Томи Пол.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]