„ЦАР БОРИС“ ЌЕ СЕ ПРЕКРСТИ, „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ЌЕ ТУЖИ На бугарските клубови им истекува рокот за мислење

Date:

Според новите одредби на овој Законот, ако сакаат да продолжат со работа, здруженијата мора да ги изменат имињата, затоа што како назив не смеат да користат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам или се поврзуваат со Третиот рајх.

Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише.

Од Централниот регистар велат дека охридското здружение „Цар Борис“ ќе го смени името и дека веќе ги поднело потребните документи за да се усогласи со измените на Законот за здруженија и фондации, а битолското здружение „Иван Михајлов“ досега не поднело никакво барање.

Првиот човек на клубот „Иван Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски за Дојче веле изјави дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур.

Клубот „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени.

Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...