Хари и Меган дадоа 3,8 милиони долари за филмски права на бестселер љубовен роман

Date:

Принцот Хари и Меган Маркл се подготвени да работат на својата следна голема продукција за „Нетфликс“, откако ги обезбедија правата на најпродавана книга.

Војводата и војвотката од Сасекс, кои потпишаа мултимилионски договор со стриминг-гигантот во 2020 година, преминуваат од лични документарци во продукција на играни филмови.

Кралската двојка ги доби правата на романтичниот роман Meet Me At The Lake од Карли Форчн, пишува „Сан“.

Филмските права на љубовната приказна – која ја одразува меѓусебната врска на војводата и војвотката во реалниот живот – ги чинела 3,8 милиони долари.

Инсајдер изјави за весникот: „Темите на книгата ги зафаќаат Хари и Меган и тие беа избрани за нивната прва адаптација за Нетфликс.“

Британскиот ПР-гуру Марк Борковски го постави прашањето зошто издавачката куќа „Пингуин рендом хаус“ ги продала филмските права на кралската двојка.

„Правата на оваа книга можеа да чинат до 3 милиони фунти. Па дури и да е бестселер, не ми е јасно зошто им го дадоа на Хари и Меган,“ вели Борковски.“

„Има неверојатни продуценти на драми. Зошто би дале дело вредно за награда?“

Овој чекор на  Хари и Меган доаѓа откако во декември 2022 година на „Нетфликс“ објавија документарна серија од шест дела, која ги истражуваше нивните приватни животи откако се повлекоа од должностите во кралското семејство.

Кралската двојка потпиша петгодишен договор вреден 100 милиони долари со стриминг-гигантот во септември 2020 година за продукција на документарни филмови, документарни серии, играни филмови, емисии и детска програма, но досега ја објавија само оваа документарна серија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...