Харви Вајнстин, поранешниот холивудски магнат кој веќе отслужува 23-годишна затворска казна во Њујорк, беше осуден во Лос Анџелес на дополнителни 16 години затвор под обвинение за силување и сексуален напад.

Обвиненијата наведуваат дека тој е виновен за напад на поранешна манекенка и актерка, која пред судот се идентификувала како Н.Н., која ја силувал во хотел во Лос Анџелес во февруари 2013 година. Вајнстин, кој е коосновач на продуцентската куќа Мирамакс, ќе отслужи нова казна откако ќе ја заврши 23-годишната затворска казна за сексуален напад во Њујорк.

Пресудата беше донесена откако излегоа бројни жени кои го обвинија за силување и сексуален напад.

Пред изрекувањето на пресудата, Вајнстин продолжи да ја негира вината, нарекувајќи го случајот „наместен“.

-Тврдам дека сум невин. Никогаш не сум силувал или сексуално злоупотребувал. Никогаш не ја познавав оваа жена, а факт е дека таа не ме познава мене. Се работи за пари. Те молам не ме осудувај на доживотен затвор. Не го заслужувам тоа, рече Хари Вајнстин на судењето.

Некогаш моќен режисер, тој беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад на судење во Лос Анџелес во декември 2022 година.

Харви Вајнстин моментално отслужува 23-годишна затворска казна за бројни сексуални напади.