Фирма основана од човек близок на Груби за багетелна сума го купила хотелот на Гранит

Date:

Во најновиот број на неделникот Фокус објавен е нов корупциски скандал кој повторно се врзува за вице премиерот Артан Грауби. Имено истражувањето на Фокус води ја поврзува купопродажбата на хотелот Гранит на Попова Шапка и тендерот за изградба на автопатот кон Блаце.

Според Фокус „Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка на фирма за осветлување со еден вработен, па добил нов милионски тендер за автопатот кон Блаце!

ЈП за државни патишта и АД „Гранит“ на 16.1.2020 година склучија договор за изградба на 2 километри од автопатската делница кон Блаце, во вредност од 17 милиони евра. Но, овој договор не се реализираше во предвидениот рок, па двете страни на почетокот на годинава (24.1.2023) склучија нов договор за докомплетирање на трасата во вредност од 11 и пол милиони евра. Притоа, огласот за тендерот е објавен на 21.10.2022 година или само неколку дена откако на 17.10.2022 година во катастарот е запишана промена на сопственоста на хотелот „Гранит“ на Попова Шапка. Врз основа на договор склучен на 15.8.2022, солемизиран на нотар на 14.10.2022 година, овој имот за 55 илјади евра го купила компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“ со главна дејност – електрорасвета, која во последните години работи со загуба. Првично, ова друштво било основано од актуелниот претседател на ФК Шкупи, кој можел да се види како во друштво на функционери на власта следи фудбалски натпревари, а своевремено бил ангажиран и во Царинската управа – објавува Фокус.

Според документацијата што ја обезбедил Фокус, непосредно пред да го склучи вториот договор со ЈП за државни патишта за комплетирање на трасата кон Блаце од 2 километри, „Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка. Според катастарската евиденција, се работи за земјиште од 150 квадратни метри, со објект со внатрешна површина од 278 квадрати. минатата 2022 година, имотот преминал во сопственост на компанија „Еуро Ком Лигхтинг. Договор е склучен на 15.8.2022 година, а потоа солемизиран на 14.10.2022 година, додека промената во катастарот е запишана на 17.10.2022 година. Договорот за купопродажба меѓу „Гранит“ и „Еуро ком Лигхтинг“ е склучен нецели 5 месеци пред да биде склучен договорот за јавна набавка меѓу „Гранит“ и ЈП за државни патишта, додека целата постапка за хотелот на Попова Шапка е завршена 2 месеци пред потпишувањето на вториот договор за автопатската делница од 2 километри.

Неделникот објавува дека огласот за распишувањето на тендерската постапка за комплетирање на автопатската делница од ЈП за државни патишта е објавен на 21.10.2022 година, што е само неколку дена откако на 17.10.2022 година во катастарот е запишана промена на сопственоста на хотелот на Попова Шапка.
Купопродажниот договор е потпишан на сума од 55 илјади евра, од што произлегува дека земјиштето од 150 квадрати е продадено за сума од 366 евра по квадрат, во која влегува и објектот што со себе го носи правото на комуналии при идна нова градба со иста намена – хотел.

Истражувањето на Фокус покажува дека викендички на Попова Шапка се продаваат поскапо, односно, куќа и плац со речиси иста површина како и хотел на „Гранит“ се продава за 240 илјади евра. На продажба се повеќе викендички за 69 илјади евра, за 82 илјади евра итн.

Основачот на компанијата Еуро Ком Лигхтинг е човек близок до Артан Груби

Според податоците од Централниот регистар кои ги искористил Фокус, „Еуро Ком Лигхтинг“ е компанија за неспецијализирана трговија на големо a основачот на оваа компанија a Суат Аљија, Tој е претседател на ФК Шкупи од Чаир, а своевремено бил ангажиран и во Царинската управа. Аљија често може да се види на трибините на стадионот во Чаир како го бодри тимот на Шкупи, при што објавените фотографии сведочат дека бил во друштво на премиерот Димитар Ковачевски, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на првиот вицепремиер Артан Груби.

Финансиските извештаи на компанијата покажуваат дека неколку години работи со загуба, која во 2019 година изнесува 411.923, а во 2020 година изнесува 884.340 денари. Овој тренд продолжува и во 2021 година, кога приходите на друштвото изнесувале 106.254.289 денари, а расходите биле 106.712.851 денари, што значи загубата била 358.562 денари. Од 5 вработените во минатите години, компанијата паднала на еден вработен во 2021- објавува Фокус.

Целиот текст поврзан со овој скандал можете да го прочитате во последниот број од печатеното издание на неделникот Фокус.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Киргиос не запира: Пристигна барање на кое брутално одговори

Австралискиот тенисер Ник Киргиос по којзнае кој пат го...

Најдобрите македонски фудбалери се пак на собир и во мисија да ги победат Летонија и Ерменија на гости

Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел...

Дончиќ погоди луд кош и си доби – 100.000 долари!

Често пати досега Лука Дончиќ на тренинзите и загревањата...