Макс Ферстапен е победник и на Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг, трка од Светскиот шампионат во Формула 1, со која ја постигна седмата последователна победа.

Доминацијата на Ферстапен и неговиот Ред Бул продолжи бидејќи тој и неговиот тимски колега Серхио Перез победија на последните дванаесет трки, поставувајќи нов тимски рекорд. Досега Ред Бул беше изедначен со Мекларен, кој пред 35 години оствари единаесет победи во низа. Ален Прост и Аиртон Сена возеа за Мекларен во тоа време.

Верстапен ја оствари и 44-та победа во кариерата, а дополнително го зголеми и онака големото водство во генералниот пласман.

Најдобрата стартна позиција пред трката за ГН на Унгарија ја имаше Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, но за кратко Хамилтон уживаше во водството. Ферстапен го презеде водството во првиот свиок и во текот на трката изгради се посигурна и поголема предност на врвот. Многу брзо, Ферстапен можеше да се чувствува удобно на првото место и елегантно ја прослави својата нова победа.

Покрај тоа што го загуби првото место, Хамилтон падна и во поредокот. Многу брзо го претекнаа Оскар Пјастри и Ландо Норис. За време на трката, вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез напредуваше и на крајот заврши трет, зад второпласираниот Норис. На крајот на трката, Хамилтон се пресели од петтото место во тоа време и претекнувајќи го Пјастри го освои четвртото место.

Во вкупниот редослед, Ферстапен има дури 110 поени повеќе од првиот придружник, неговиот тимски колега Перез. Следната трка се вози на белгиската патека Спа Франкоршамп.