Тимот на Ферари триумфираше на овогодинешното издание на легендарната трка 24 часа Ле Ман.

Пред тимот на Тојота славеа Италијанците Алесандро Пјер Гуиди и Антонио Џовинаци и Британецот Џејмс Каладо кои го сочинуваа екипажот на Ферари.

Тимот на Ферари се врати на легендарната трка по 50-годишно отсуство и ја забележа првата победа од 1965 година на 100-годишнината од првото издание на трката.

Дополнително, Ферари ја прекина доминацијата на Тојота која беше непобедлива во последните пет години.

Третото место го освои екипата на Кадилака.