Три македонски туристки спасени од давење, пренесени се во болница во Драч

Date:

Вистинска драма се одвивала на плажа близу Драч, кога три македонски државјанки почнале да се дават во морето на плажата Голем, в местото Каваја. Спасувачите експресно реагирале и жените биле пренесени во болницата во Драч.

Според информациите на албанската полиција, станувало збор за три жени на возраст од 48, 60 и 66 години кои влегле да пливаат, но подоцна не можеле да стигнат до брегот, ризикувајќи да се удават.

За кратко време тие биле извлечени од разбранетото море и на плажата веднаш им била укажана прва помош од присутната крајбрежна стража и полициски службеници од Каваја кои биле дежурни на плажите.

Тамошните медиуми пренесуваат дека две од жените биле во тешка здравствена состојба на одделот за интензивна нега во болницата во Драч, додека пак третата бил надвор од животна опасност.

Случаи на давење, но со фатален исход периодов имаше во македонските езера. Минатата недела, беше пронајдено тело на 42 годишен штипјанец кој се удави во Дојранското езеро, а во јули 66-годишна жена од Ресен се удави на плажа во Струга.

Спасувачите велат дека со вода нема играње, особено ако се работи за помалку искусни пливачи, кои се обдуваат да им пркосат на длабичината или на немирни мориња и езера.

„И за тие што знаат да пливаат и тие што не знаат, ризично е во вода кога има многу бранови, ветер кога дува. Ако голтнеш вода, не треба да кашлаш и не смее да ве фати паника. Препорачуваме да не се влегува во големи длабочини ако не сте пливач. Да влегуваат во вода само таму каде што има спасувачи

Вистинска драма и обемна потрага се одвиваше и лани во Егејското море, кога три македонски момчиња беа однесени од силни струи во грчкото летувалиште Посиди, на Халкидики. Грчките служби тогаш успеаја да спасат две од нив, додека третото се уште се води како исчезнато.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...