ТРИ ИЛЈАДИ ПОСЕТИTEЛИ НА ИЗЛОЖБАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ДЕНАР КОЈА 6 МЕСЕЦИ БЕШЕ ОТВОРЕНА ВО МУЗЕЈОТ НА НАРОДНА БАНКА

Date:

Околу три илјади граѓани во изминативе шест месеци ја посетиле изложбата за денарот поставена во Музејот на Народната банка по повод 30-годишнината на македонската национална валута. Посетителите можеа да ги видат охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката икона „Јошуа и Калеб“ , боите на Шарената џамија, македонскиот афион односно обележјата на најзначајното археолошко, уметничко, архитектонско и природно наследство на овдешните простори отсликани на нашата валута.

„Музејскиот простор и поставките беа искористени за одржување интервјуа, дебати, излагања и јавни настани. Беа  организирани и околу 100 предавања за ученици од основните и средните училишта“, велат од Музејот на Народната банка каде вчера е затвори изложбата.

Изложбата насловена „В/редности и вредности“, која преку отстапување на артефактите беше поддржана од седум македонски музеи, овозможи увид во уникатната селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари од 1996 година до денес. Во рамките на поставката беа изложени историските и културните вредности преточени на македонските пари.

„Во изминативе години Народната банка, како и преку изложбата, дава постојан придонес кон богатото историско, археолошко и културно наследство на македонската држава, заложувајќи се за натамошно зачувување на духовните и мултикултурните вредности на државата, преточени во ликот на македонските пари“, велат од Народна банка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...