Том Хенкс мислел дека никој нема да го гледа „Форест Гамп“

Date:

Том Хенкс откри дека на почетокот не очекувал дека неговата оскаровска улога во „Форест Гамп“ од 1994 година ќе наиде на добра реакција кај публиката.

„Му реков на режисерот: дали на некој ќе му се допадне овој филм? Човекот седи во овие глупави чевли и овој кукавички костум со куфер полн книги ‘Љубопитниот Џорџ’ и слични работи. Дали правиме нешто овде што ќе има смисла за некој?“, изјави Хенкс за „Њујоркер“ и додаде дека режисерот Роберт Земекис го нарекол филмот „минско поле“.

Во тоа време Земекис веќе ги режира „Враќање во иднината“, „Кој го намести зајакот Роџер“ и „Лов на зелениот дијамант“ пред да го направи „Форест Гамп“. Подоцна повторно ќе го режира Хенкс во Cast AwayThe Polar Express, минатогодишниот „Пинокио“ и претстојниот „Тука“.

Хенкс додаде дека Земекис го научил да има верба во она што го снимаат, а за сè друго да се грижи подоцна.

Минатата година 66-годишниот актер го бранеше освоениот „Оскар“ за овој филм од критиките дека го искористил бранот „бумерска носталгија“ победувајќи ги Pulp Fiction („Евтини приказни“) и The Shawshank Redemption („Бегство од Шошенк“) во трката за престижната статуетка.

„Проблемот со ‘Форест Гамп’ е што заработи милијарда долари. Доколку снимивме само успешен филм, Боб Земекис и јас ќе бевме генијалци. Меѓутоа, бидејќи снимивме неверојатно успешен филм, бевме ѓаволски генијалци“, рече Хенкс за „Њујорк тајмс“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...