Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена во годината, на сите гробишта и сите споменици во државата визави ордите коишто ќе доаѓаат од Бугарија од инсталации кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија.
Ако оваа држава има власт требаше да ги спречат провокаторите да влезат уште на границата. 25 години одиме на чествување на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир и секогаш наоѓале начин автобусите на организираните Македонци кои сакаат да го чествуваат Јане Сандански да бидат спречени да влезат во Бугарија, истото се случува и со Грција. Имам забрана за влез со образложение опасност по националната безбедност на државата Грција. Такви мерки можеше и оваа влада да примени, рече Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес .